· ПЗУ Кинетикус, сега ПЗУ Кинетикус Спортмед, е формирана во 2018 година како прва приватна здраствена установа по спортска медицина.
· На самото нејзино отворање, беше поздравена и лиценцирана од Евроpското Здружение по Спортска Медицина (EFSMA) како единствена препознатлива установа од оваа област во нашата држава
· Од 2008 до 2017 година ПЗУ Кинетикус беше здравствен спонзор на МОК (Македонскиот Олимписки Комитет) и се грижеше за сите наши кандидати- учесници на Олимпијадите во Ванкувер, Лондон, Сочи и Рио де Женерио, со присуство на главниот доктор на ПЗУ Кинетикус на овие Олмпијади.
· Од 2014 до 2017 година ПЗУ Кинетикус се грижеше за здравјето на ЖРК и РК Вардар, како и ФК Вардар, станувајќи дел од првата Европска шампионска титула на РК Вардар.
· Во текот на своето постоење, ПЗУ Кинетикус здраствено менаџира поголем дел од спортските клубови од различни спортови во нашата држава
· Од своето постоење, ПЗУ Кинетикус воведува за првпат во нашата држава најнови здраствени технологии и процедури кои се дел од неговата секојдневна рутина: HP Cosmos дијагностика на спортска изведба; Biodex mPRO 4 изокинетичка дијагностика и рехабилитација; RSW (radial shock wave) терапија; InBody одредување на телесниот состав со биоелектрична импенданса; PRP (platelets rich plasma) инјекциона терпија за повреди и оштетувања на мсукуло-зглобниот апарат; Amfit дијагностика на стапала со помош на контактен дигитајзер и изработка индивидуални ортопедски влошки, со посебна програма за дијабетичари; Orthokin терапија за повреди и оштетувања на мсукуло- зглобниот апарат со автологен кодицниониран серум.
· ПЗУ Кинетикус, преку своите двајца доктори, од страна на EFSMA е лиценциран за примена на новиот пристап во примена на спортската медицина во превенција и лечење на голем број болести во Европа, РЕЦЕПТ ЗА ВЕЖБАЊЕ.
· ПЗУ Кинетикус, преку свотите двајца доктори, кои се и офицери за допинг контрола и едукатори, учествуваат во работата на Националната Анти-допинг Комисија при Агенцијата за спорт и млади на нашата држава
Доц.д-р Зоран Ханџиски, специјалист по спортска медицина, директор на ПЗУ Кинетикус Спортмед – истовремено е Претседател на Здружението на лекари специјалисти по спортска медицина на Република Македонија, официјален делегат во Европското (EFSMA) и Светското (FIMS) Здружение по спортска медицина, визитинг професор на Факултетот за медицински науки при Универзитетот "Гоце Делечев" Штип, член на Националната Анти-допинг Комисија при Агенцијата за спорт и млади на нашата држава и офицер за допинг контрола, лиценциран доктор за Ортокин терапија
·
Доц.д-р Ели Ханџиска, специјалист по спортска медицина – истовремено е визитинг професор на Факултетот за медицински науки при Универзитетот "Гоце Делечев" Штип, член на Националната Анти-допинг Комисија при Агенцијата за спорт и млади на нашата држава и офицер за допинг контрола, лиценциран доктор за Ортокин терапија
Наташа Гацова - специјализиран физиотерапевт за рехабилитација и корекција на деца со телесни деформитети
Славица Јовановска - медицинска сестра, лабораториски техничар, лиценцирана за ортокин третман
Сандра Темелковска - физиотерапевт, дипломиран кинезитерапевт